Панк-шик изгледи од црвениот килим на Мет Гала 2013

7 мај 2013

Модните познавачи велат дека гала настанот што традионално се одржува во њујоршкиот музеј Метрополитен е значаен скоро како Оскаровската вечер, барем во однос на модата и на бројот на славни личности кои се поканети. Темата на овогодинешната гала вечер е „Панк: хаосот на високата мода“, односно тема која навидум им беше проблематична на познатите, бидејќи е предизвик да се избере модна комбинација која во исто време ќе спои гламур, висока мода и елементи на панк иконографија. Но, поголем дел од гостите како Гвен Стефани, Сара Џесика Паркер, Ен Хатавеј, Камерон Дијаз и Никол Ричи, се појавија во успешни панк-гламур комбинации.

 

Instagram-Pictures-Met-Gala-2013 (1)

Познатите личности цела вечер постираа инстаграм-фотографии од настанот 

Мала е границата меѓу гламур-панк и кич-изгледот, па на црвениот килим видовме дами кои буквално ја сфатиле темата и од преголема желба да изгледаат панкерски, постигнале трагичен ефект. Имаше и доста стилистички утки (на пример, она што го носеше Ким Кардашијан беше исклучително лошо, промашено и претенциозно), а некои, на пример Гвинет Палтроу, сосема ја изигнорираа темата (таа избра класична тоалета на Валентино во розева боја). Домаќини на настанот беа Ана Винтур, уредничка на американски Vogue, Рикардо Тиши, креативен директор на модната куќа Живанши, и Руни Мара, актерка која темата на панк-стил ја зачна со улогата на Лизбет Саландер во филмот „Девојката со тетоважа на змеј“.

 

BJn00_RCEAEHh5n.jpg-large1

Џенифер Лоренс и Сара Џесика Паркер

Подолу погледнете ја галеријата во која направивме преглед на изгледите од вчерашната Мет Гала...

 

"PUNK: Chaos To Couture" Costume Institute Gala

Стела Макартни и Камерон Дијаз 

 

 

 

Објавено:
7 мај 2013
Категорија: 
Сцена