Пејачката Дафи откри: Бев дрогирана, силувана и затворена неколку дена

26 февруари 2020

Пејачката Дафи публиката ја засака благодарение на хитовите „Merecy“ (2008) и „Well, well, well“ од вториот албум во 2010 година. Добитничка е и на „Греми“, оствари и неколку филмски улоги и кога сите мислеа дека оваа денес 35-годишна Велшанка ќе ја достигне кулминацијата на популарноста, таа се повлече од јавниот живот.

Денеска, на својот Инстаграм профил откри дека тоа што ја немаше изминативе години било бидејќи се посветила на заздравувањето од „дрогирањето, силувањето и држењето во заробеништво неколку дена.

 
 
 
View this post on Instagram

You can only imagine the amount of times I thought about writing this. The way I would write it, how I would feel thereafter. Well, not entirely sure why now is the right time, and what it is that feels exciting and liberating for me to talk. I cannot explain it. Many of you wonder what happened to me, where did I disappear to and why. A journalist contacted me, he found a way to reach me and I told him everything this past summer. He was kind and it felt so amazing to finally speak. The truth is, and please trust me I am ok and safe now, I was raped and drugged and held captive over some days. Of course I survived. The recovery took time. There’s no light way to say it. But I can tell you in the last decade, the thousands and thousands of days I committed to wanting to feel the sunshine in my heart again, the sun does now shine. You wonder why I did not choose to use my voice to express my pain? I did not want to show the world the sadness in my eyes. I asked myself, how can I sing from the heart if it is broken? And slowly it unbroke. In the following weeks I will be posting a spoken interview. If you have any questions I would like to answer them, in the spoken interview, if I can. I have a sacred love and sincere appreciation for your kindness over the years. You have been friends. I want to thank you for that x Duffy Please respect this is a gentle move for me to make, for myself, and I do not want any intrusion to my family. Please support me to make this a positive experience.

A post shared by @ duffy onFeb 25, 2020 at 10:12am PST

„„Не можете да замислите колку пати сум помислила да го напишам ова. Начинот на кој ќе го напишам, како ќе се чувствувам потоа. Не знам што ме ослободи да прозборам сега. Не можам да го објаснам. Многумина од вас се чудеа што се случи со мене, каде исчезнав и зошто. Ме контактираше новинар и минатото лето му раскажав сè. Беше љубезен и тоа што конечно прозборев беше неверојатно чувство. Вистината е дека бев дрогирана, силувана и држена во заробеништво неколку дена. Преживеав, но ми требаше време да заздравам. Сега сум добро и безбедна. Не постои лесен начин да се каже ова. Но, можам да ви кажам дека во последната декада илјадници и илјадници денови се посветив на желбата повторно да ме огрее сонце во срцето. Сонцето сега свети. Се прашувате зошто не го искористив гласот за да ја изразам болката? Не сакав да му ја покажам на светот тагата во моите очи. Се прашував, како можеш да пееш од срце, кога тоа е скршено? Во следните недели ќе објавувам делови од интервјуто. Ако имате некакви прашања, би сакала да ги одговорам, во говорно интервју, ако можам", напиша Дафи на Инстаграм, не посочувајќи кога се случил страшниот настан.

На крајот им се заблагодари на обожавателите и следбениците за љубовта и поддршката која ѝ ја праќаат, замолувајќи ги сите да не го вмешуваат нејзиното семејство.

„Ве молам почитувајте го овој, за мене, кревок чин што го направив пред сè за себе. Ве молам помогнете ми ова да го преточам ова во позитивно искуство“, додаде пејачката.

За потсетување, нејзиниот дебитантски албум „Rockferry" беше најпродаван албум во Велика Британија во 2008, а вториот го издаде две години подоцна, по што се случи музичка пауза.

Објавено:
26 февруари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
913 пати