По 11 години врска, пејачката на популарната група Тексас, Шарлин Спитери го кажа судбоносното „да“ на нејзиното момче, познатиот готвач Брин Вилијамс.
На прекрасната церемонија во Велс, 50 – годишната пејачка изгледаше пресреќно облечена во романтичен фустан од познатата дизајнерка Стела Мекартни.
Фустанот ја следеше линијата на нејзиното тело, а истиот беше речиси целосно изработен од тантела, имаше долги ракави и „опашка“ од тул во задниот дел.
Како и секогаш, таа немаше големи промени во шминката и фризурата, повторно се одлучи за едноставна фризура украсена со бели цветови и многу суптилна шминка.
Нејзиното момче, сега веќе сопруг, носеше црн триделен костим надополнет со вратоврска со точки и бел цвет на палтото.
Официјално, пејачката ги сподели информациите за свршувачката со нејзините обожаватели во февруари минатата година, по цела деценија врска со нејзиното момче.
Во едно интервју за Би – Би – Си тогаш таа изјави:
„По само десет години, тој всушност ме побара за жена. Му требаше навистина долго време. Мислев дека доживува срцев удар, не знам што го натера на тој чекор“, се пошегува пејачката тогаш.
Инаку, на 28 - ми месецов, во Спортско рекреативниот центар Кале ќе можеме во живо да ја видиме групата Тексас чиј вокал е прекрасната Шарлин.
Извор и фото: Дејли Мејл