Пенелопе Круз блеска во Шанел на Венецискиот Филмски Фестивал

6 септември 2022

На пресконференциите и црвениот килим на овогодинешното 79. издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција, голем број од филмските ѕвезди зачекорија во импресивни креации потпишани од врвни модни имиња, но се чини дека дел од нив особено го привлекоа вниманието со својот префинет вкус.

Фантастичната Пенелопе Круз (48) несомнено спаѓа во оваа категорија, впрочем, актерката отсекогаш уживала статус за една од најдобро облечените ѕвезди на секоја манифестација.

На овогодишното издание на Венецискиот Филмски Фестивал, Круз го промовираше својот последен филм, L'immensita - новата драма која се одвива во 1970-тите во Рим и ја следи приказната на една мајка на три деца која се бори со насилен сопруг.

Круз уште еднаш го докажа својот беспрекорен класичен вкус и чувство за елеганција, пристигнувајќи на фестивалот во едноставни фармерки кои ги спои со елек од твид и соодветна јакна со потпис на нејзината омилена Шанел.

Фото: harpersbazaar.com

Во неделата попладне, за време на пресконференцијата за филмот, актерката се појави во елегантен халтер макси фустан од колекцијата на Шанел Resort 2023. Фустанот инспириран од Монако кој се врзува позади вратот, прошаран со смел принт со тркачки знамиња врз црвена основа, асоцирајќи на познатите Гран-при трки на кнежеството. Ансамблот беше прицврстен со тенок црн појас и неколку тенки црни ленти на неговиот раб.

Фото: dailymail.co.uk

Фото: dailymail.co.uk

Фото: harpersbazaar.com

За свечената премиера на филмот, актерката се појави повторно во свечена креација на Шанел. Тесниот фустан чија должина ги допира глуждовите со долги ракави и високо округло деколте е целосно изработен од цветна тантела во розова нијанса на црна основа.

Фото: Vogue

Фото: Vogue

Фото: harpersbazaar.com

Објавено:
6 септември 2022
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
421 пати