People: Пол Рад е најсекси маж за 2021 година

10 ноември 2021

Магазинот „People“ секоја година одбира Најсекси маж и жена на годината.

Неодамна го прогласија победникот во машка конкуренција и тоа е актерот Пол Рад (51).

Тој изјави дека ова признание е изненадување.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

„Свесен сум за да знам што ќе речат луѓето кога ќе слушнат дека јас сум избран за најсекси маж. Би рекле: „Што?“. Ова не е лажна скромност. Има толку многу луѓе кои треба да го добијат ова признание пред мене“, вели актерот, кој додава дека најчесто за него се зборува во насока на љубезен, вреден, но не и секси.

Тој исто така се пошегува дека ако ништо друго ова признание ќе му донесе поголема активност во холивудскиот живот.

„Сега се надевам дека конечно ќе бидам поканет на тие секси и фенси вечери со Клуни и Пит и Б. Џордан. И мислам дека ќе одам на повеќе јахти. Возбуден сум што ќе го проширам мојот живот на јахти“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by People Magazine (@people)

Но, на страна од шегите, Пол додава дека е најсреќен кога е дома, со семејството.

„Кога размислувам за себе, се гледам како сопруг и татко. Сакам да се дружам со моето семејство“.

Инаку, актерот 18 години е во брак со неговата избраничка Џули со која имаат и две деца, Џек и Дарби.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CBS (@cbstv)

За потсетување, минатата година ова признание му беше доделено на Мајкл Б. Џордан, а претходно и на Бред Пит и Џорџ Клуни кои ги спомнува и Пол, потоа Дејвид Бекам, Идрис Елба, Џон Леџенд, Хју Џекман, Бредли Купер...

Што мислите вие за изборот на „People“ магазинот?

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Swonne (@swonne_nyc)

 

 

 

Објавено:
10 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
470 пати