People се изјасни: Сандра Булок е најубава!

24 април 2015

sandra-bullock

Актерката Сандра Булок според  People Magazine е прогласена за Најубава жена во светот.

Иако за многумина тоа не беше изненадување, 50-годишната актерка била шокирана од веста:

-Нема шанси! Смешно е! – била реакцијата на Булок.

На прашањето, што е за неа убавина, вели:

-Вистинската убавина е тивка. Особено во овој град, каде е особено тешко да не ги исполниш „барањата“ – да изгледаш убаво, да бидеш добра личност, добра мајка, добро да готвиш... За мене, најубави се оние луѓе што не се трудат – вели актерката.

Но, попрво би зборувала за нејзиниот 5-годишен син Луис, отколку нејзината убавина.

-Го успивав пред некој ден син ми, и му реков дека дури и кога ќе бидам седа и со брчки, повеќе отколку што сум сега, сè уште ќе го сакам. И тој ме праша, зошто имам брчки, на што јас реков: „Па се надевам дека некои од нив се од смеење“. Ми го допре лицето и ми рече: „Ти не си стара, ти си само среќна“. И тука настапуваат солзи од смеење – сподели Булок.

Таа додаде дека Луис не знае дека таа е Холивудска ѕвезда:

-Тој мисли дека сум била астронаут извесно време. Сакам тоа да му биде нејзначајно, да не му претставува проблем. Сакам да биде засрамен од мене, како сите други родители – искрена е Сандра.

Објавено:
24 април 2015
Категорија: 
Сцена