Петочен гламур: Џенифер Лопез во совршен Валентино фустан!

24 јануари 2020

Педесетгодишната ѕвезда Џенифер Лопез, која периодов се подготвува за претстојниот настап на најпопуларниот спортски спектакл Super Bowl, денеска објави фотографија на нејзиниот профил на Инстаграм со која повторно привлече огромно внимание.

А како и не би, кога изгледа перфектно во елегантен, макси фустан од Валентино со црно-бел принт.
Едноставен крој што одговара на сечија фигура, па веројатно дамите ширум светот пронајдоа идеален избор во овој стајлинг на поп дивата.

Фото: Инстаграм

Струкот дополнтелно е нагласен со широк ремен, што важи за уште еден моден додаток кој сезонава е тенденција, а покрај тоа мини чантата со идентичен принт како и фустанот и црните чизми на тенка потпетица, се идеално вклопени во целината.

Никогаш доста од модните погодоци на J.Lo.

Фото: Инстаграм

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) onJan 23, 2020 at 5:59pm PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Bella (@_jlover13_) onJan 24, 2020 at 3:49am PST

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by ELLE Russia (@elle_russia) onJan 24, 2020 at 2:49am PST

Објавено:
24 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.626 пати