Пипа Мидлтон роди син

17 октомври 2018

Пипа Мидлтон, сестрата на војвотката и сопруга на принцот Вилијам, Кејт Мидлтон го роди првото дете во болницата Сент Мери, поточно во приватниот дел наречен Lindo Wing.

Како што соопштија нејзините најблиски, мајката и бебето биле во одлична состојба, а принцот Вилијам и Кејт први им честитале за приновата.

Според фотографиите објавени на британските медиуми, сестрата на војвотката Кејт била многу кратко во болница пред да биде објавена веста за раѓањето, па тие пишуваат дека породувањето не траело повеќе од три часа.

Бебето тежело околу 3.800 грама, а се родило во понеделникот во 01.58 минути по полноќ. Во истата болница се породи и нејзината сестра, војвотката Кејт, а многумина ќе кажат дека тоа е најдобрата болница во Британија со неверојатен третман.

Таа била сместена во приватен апартман со огромен број поволности и сопствена бања, внимателно одбрана храна, а имало дури и шампањ со кој новите родители можат да прослават за доаѓањето на нивното бебе.

Прв во болницата пристигнал нивниот брат Џејмс, кој бил воодушевен од неговиот нов внук. Пред само три дена, Пипа присуствуваше на свадбата на принцезата Јуџини и изгледаше неверојатно во темно зелен фустан од Емилија Викстед.

 

Објавено:
17 октомври 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
511 пати