По 12 години „Пријатели“ се враќаат на ТВ екраните!

14 јануари 2016

Повеќе нема дилема! По цели 12 години од финалето на омилените „Пријатели“, екипата повторно се собира за уште некој час уживање во нивните единствени шеги.

Се очекува актерите да се соберат заедно за емисија што ќе се емитува на 21 февруари на Ен – Би – Си, во чест на нивниот режисер Џејмс Бароус, пишува E News.

Првиот човек на телевизијата Ен – Би – Си, Боб Гринблат посочи дека можеби нема да биде возможно да ги собере сите актери токму таа вечер, но секако вети шоу за паметење.

„Не сум сигурен дека тоа може логистички добро да се изведе“, вели Гринблат.

Имено, режисерот Џејмс Бароус има создадено вкупно 15 епизоди од култната серија, а режира комедии повеќе од 40 години, меѓу кои и бројни епизоди на Вил и Грејс.

Во специјалната повеќечасовна емисија во чест на режисерот, се очекува да се појават и актери од други популарни серии што биле изработени од него.

Обожавателите на „Пријатели“ се и повеќе од среќни поради оваа вест, со оглед на тоа што лобираат за нивно повторно собирање од завршувањето на шоуто.

Серијата стана повеќе популарна кога минатата година почна да се емитува на каналот Нетфликс.

Објавено:
14 јануари 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.837 пати