По стилскиот пример на Кејт Мидлтон: Капути во јаки бои

21 октомври 2020

Стилот на кралицата Елизабета е прпознатлив по еднобојните капути и шапки во интензивни нијанси, како секогаш би била забележана и во толпа. Низ годините тоа стана нејзин заштитен визуелен белег.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон пак по примерот на кралицата, деновиве беше фотографирана во јавноста во макси капут од кашмир во впечатлива црвена боја, од британската луксузнаа модна куќа Александар Меквин, што наиде на позитивни коментари кај модната стручна јавност.
Од една страна затоа што ги поддржува британските брендови, а од друга затоа што направила добар моден избор оценет како храбар и тренди.

Следејќи го нејзиниот избор, ние направивме кратка виртуелна обиколкаа низ улиците на модните метрополи и издвоивме неколку инспиративни идеи за комбинации заокружени токму со капут во јака боја.

Воедно, топлите макси капути во впечатливи нијанси ги издвојуваме и како тренд што ќе даде дополнителен моден шарм на претстојната сезона.

Фото: Пинтерест

 

Објавено:
21 октомври 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.024 пати