Погледнете ги најубавите филмски костими за изминатата година

24 февруари 2014

Во пресрет на најголемата филмска манифестација „Оскар“ што ќе се одржи кон крајот на неделата на втори март, Aмериканската дизајнерска елита и костимографи ги одбраа најдобрите филмски костими за измината година.

Jasmine French Jasmine French

Оваа година сребрена Булгари статуетка за најдобра костимографија отиде во рацете на Сузи Бензигер, за изгледот на Кејт Бланшет во филмот „Jasmine French“, и за Патриција Норис, која ја изработи костимографијата за филмот „12 years a slave“, кој што е номиниран за наградата „Оскар“ во категоријата најдобар филм.

12 years a slave 12 years a slave

Во категоријата телевизиски серии со најдобра костимографија се прогласени креациите на актерската екипа од серијата „Downtown Abbey“ и Американската серија „House of cards“.

Hunger Games: Catching Fire Hunger Games: Catching Fire

Во жанрот фантазија, апсолутен победник е филмот „Hunger Games: Catching Fire“, а со почесната награда „Lacoste Spotlight Award“, се закити актерката Ејми Адамс за својата улога во филмот „American Hustle“.

American Hustle American Hustle

Објавено:
24 февруари 2014
Категорија: 
Сцена