Погледнете го плакарот на шармантната убавица Александра Амбросио

30 мај 2014

Бразилскиот топ модел Александра Амбросио е оригинална бохо кралица кога не е на модните писти. Таа во плакарот има парчиња што во комплетно светло го отсликуваат имиџот и сензибилитетот кој потсетува од егзотичниот Бразил. Меѓу омилените парчиња без кои не би можела да функционира,  манекенката вели дека тоа е облеката изработена од тексасен материјал. Па така од нејзиниот гардеробер ќе видите најмногу кратки џинс шорцеви, комбенизони, фармерки што најчесто ги комбинира со едноставни кежуал маички и кошули.

Од фото галеријата ќе имате можност да ги погледнете омилените парчиња на Амбросио меѓу кои се и лежерните и лесни принт фустанчиња, дводелниот костим за капење за кој открива дека би го носела постојано бидејќи во него се чувствува своја и посебана. Накитот и шапките се уште една модна страс на манекенката, кои  ги има во голем број, а за накитот што го носи постојано на себе, вели дека ќе го сочува за својата ќерка кога ќе порасне.

Омилени обувки и се од славниот Заноти, накитот на   Jacquie Aiche и чантите на  Валентино.

Објавено:
30 мај 2014
Категорија: 
Сцена