Погледнете каде летува Мила Јововиќ

17 август 2013

Славната актерка и модел Мила Јововиќ замина на двонеделен одмор на едно од најнеобичните туристички места во светот.

 

И додека останатите славни личности крстарат на луксузни јахти, Јововиќ ужива на скромно бродче-куќа и тоа на езерото Пауел кое се наоѓа меѓу Јута и Аризона, а секоја година го посетуваат околу два милиони туристи.

 

Таа на својот официјален профил на социјалната мрежа Фејсбук, објави фотографии од нејзината туристичка дестинација а притоа сподели и фотографии на кои е во костим за капење без шминка и никакви додатоци на себе.

Објавено:
17 август 2013
Категорија: 
Сцена