Погледнете какво изненадување ѝ приреди Елена Лука на Миа Костова

11 декември 2020

Малку празничен дух и изненадувања се потребни да ја разубават оваа година на изминување која за сите беше тешка.

Токму тоа му успеа на брендот Елена Лука и нејзиниот генерален менаџер и дизајнер, Елена Пандева кои се потрудија да внесат малку магија овој декември.

Тие одлучија да ја изненадат водителката Миа Костова, која пак, не ги криеше својата радост и изненадување од совршено спакуваниот подарок.

На својот Инстаграм профил таа ги сподели впечатоците од подарокот:

„Ми стаса една пратка, од која уште сум во шок од тоа како е спакуванa. Не знам дали ќе имам срце се' ова да отворам или ќе сакам вака да ми стои до Нова година, но со оглед на тоа дека сум љубопитна што се' стои внатре, мислам дека ќе почнам со отворање веднаш. Елена Лука ти благодарам, немам зборови за тоа како е спакувано, а верувам дека и тоа што е внатре е подеднакво убаво“, сподели Костова.

Со подарокот оди и лична посвета од сопственичката на Елена Лука:

„Малку празнична магија, но со многу љубов и искрена посветеност... Како што само една мајка може да прати топла мисла на друга исто толку пожртвувана, како што само една жена што не се плаши да го освои светот може да ѝ даде поддршка на друга со истите погледи, отворен ум и широки хоризонти... Драга Миа, остани светлина, таква каква што си, затоа што на светот му требаат жените како тебе, драгоцени и свои. Убавината ќе го спаси светот! Ти праќам топли поздрави и желби, со искрена мисла дека утре на сите ќе ни донесе многу повеќе сонце...

Среќна Нова 2021
Со љубов,
Елена (Пандева) Лука"

Нема кој не би се израдувал на ваков срдечен и искрен гест, кој воедно може да послужи како инспирација за сите да си посветиме внимание еден на друг, да си кажеме по некој убав збор и да се изненадиме со некој подарок кој сме го одбрале посветено и со љубов, која на сите ни е потребна.

Објавено:
11 декември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
4.863 пати