Покрај добриот стајлинг и негуваната кожа, за секој човек потребно е да обрне внимание на бројот килограми, а колку тежат холивудските дама, прочитајте подолу.
Мила Кунис
Актерката откри дека за снимањето на филмот „Црниот лебед“ изгубила 9 килограми и тежела 43 кила. Ги изгубила облините и за прв пат видела како би изгледала како костур. По снимањето на филмот си ја врати тежината од 52 килограми, а висока е 157 см.
Клое Кардашијан
Клое е висока 175 см а тежината и варира од 74 до 77 килограми. Моментално е на здрав режим на исхрана.
Адел
Британската пејачка им помогна на голем број девојки кога јавно се изјасни дека килограмите не треба да бидат комплекс. Висока е 175 см и тежи 89 килограми.
Ријана
Пејачката ги обожава своите облини. Висока е 172 см и тежи 62 килограми.
Лејди Гага
Минатата година пејачката имаше проблем со килограмите, но повторно се врати во нормала. Висока е 155 см, а тежи 48 килограми.
Анџелина Џоли
Анџелина отсекогаш била слаба. Висока е 170 см, а во последно време тежината и варира во надолна линија поради што изгледа како да е анорексична.
Ким Кардашијан
Пред бременоста имаше 53 килограми. Висока е 157 см а по бременоста полека и успешно ја намалува тежината.
Џесика Алба
Актерката внимава на килограмите со тоа што има посебен режим на исхрана, а има и личен тренер. Висока е 165 см и тежи 53 килограми.
Софија Вергара
Таа е една од најсексипилните жени во светот, а во едно интервју открила дека во младоста имала проблем кога одела на аудиции бидејќи ја терале да ослабне. Софија ги обожава своите облини поради кои е планетарно позната. Висока е 170 сантиметри и тежи 57 килограми.
Бритни Спирс
По камбекот на музичката сцена Бритни спроведе разни диети и тренинзи за да ја доведе линијата до совршенство. Висока е 162 см и тежи 57 килограми.
Бијонсе
Пејачката постојано варира во килограмите, но на својата висина од 170 сантиметри изгледа одлично. Особено е за пофалба што по породувањето за кратко време успеа да се врати во форма и сега тежи 59 килограми.