Покриена до грло, а така привлечна: Кејт Мидлтон поентираше во женствена монохроматска комбинација

19 октомври 2021

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, неретко знае да има вистински модни погодоци. А токму еден таков е овој монохроматски изглед во црвена нијанса.

Имено, Мидлтон ја поддржа кампањата на „Forward Trust" за подигнување на свеста за зависностите од дрога и алкохол, а по тој повод се појави во комбинација која вклучува миди плисирано здолниште и ролка во истата нијанса.

Стајлингот го заокружи со чевли од Ралф Лорен и чанта во беж нијанса.

Воедно ова е само потсетување на тоа како комбинации кои целосно „ве покриваат“, можат да бидат исклучително привлечни. Важно е само да одберете парчиња кои одлично ви прилегаат.

Кејт го истакнала струкот со здолништето, а облините од горниот дел со тесната ролка и направила вистински избор.

Воедно, ова е доказ дека црвената знае да изгледа одлично, само мора внимателно да се одбере, па сигурни сме дека ќе ве инспирира.

Стајлингот би изгледал исто така успешно и со чизми.

 

 

 

 

 

 

 

Објавено:
19 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
3.170 пати