После 14 години: Завршува шоуто на Кардашијанови

9 септември 2020

После повеќе од една декада, шоуто „Keeping Up With the Kardashians“ ќе заврши следната година. Досега се емитувани 19 сезони, а претстојната 20 ќе биде последна.

Информацијата ја потврди семејството на социјалните мрежи:

„Со тешко срце, мораме да се збогуваме. Како семејство, одлучивме ова посебно патување да заврши. Ви благодариме на сите што нè гледавте сите овие години – во добрите, но и лошите времиња, во среќа и солзи, низ бројните врски и деца“, објави Ким Кардашијан Вест.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian) onSep 8, 2020 at 2:34pm PDT

 

Која е причината поради која шоуто завршува, не е познато. Од мрежата „Е!“ каде што се емитуваше шоуто велат дека ќе ја почитуваат одлуката на семејството да го живеат својот живот без камери.

Претходно годинава, Кортни Кардашијан се изјасни дека повеќе не сака да биде еден од главните членови на оваа серија. „Постојано сум под камери веќе 14 години. За мене, шоуто стана токсична средина. Приватноста е нешто што јас научив да го ценам и наоѓањето баланс помеѓу приватните моменти и останувањто во шоуто е навистина тешко“ изјави Кортни за арапското издание на „Вог“ во јули годинава, а интерес за шоуто почнаа да губат и другите членови на семејството.

Првата епизода се емитуваше во октомври 2007 година, а последната сезона ќе се емитува во 2021 година.

Објавено:
9 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
693 пати