Познати холивудски дами се цветни убавици за Harper’s Bazaar

16 февруари 2015

Насловните страници на познатите магазини за месец март се вистинска пролетна приказна. Една таква можеме да видиме и во мартовското издание на Harper’s Bazaar на чија насловна овој пат се појавува Ријана во „златно издание“.

Во магазинот, одличен едиторијал снимија и актерките Гвинет Палтроу, Деми Мур и Никол Ричи кои во прекрасни цветни креации и декорации му оддадоа чест на најпознатиот цвеќар во Холивуд, Ерик Бутербо.

Тој е познат како еден од омилените цвеќари во Холивуд чии аранжмани многу често ги красат магазините, едиторијалите, ревиите на модните дизајнери, но и познатите манифестации.

Во магазинот, актерките позираат со цветни креации на некои од најпознатите светски дизајнери меѓу кои и Долче и Габана, со исклучителни цветни аранжмани на главите направени од Ерик.

Гвинет Палтроу во интервјуто за магазинот го раскажува нејзиното прво искуство со Ерик.

„Се сеќавам дека тоа беа бели рози... тој направи магија во една мала вазна, нешто што дотогаш го немав видено. Си помислив дека тој аранжман беше нешто најубаво на светот, тоа беше вистинска уметност. Тој има неверојатни идеи, тој е страшно креативен како цвеќар, но има и неверојатен карактер како човек, сите го обожаваат“, вели Гвинет во интервјуто.

Во едиторијалот, на една фотографија позираат трите актерки во друштво на Ерик пред неверојатен спој од фантастични црвени рози, додека во магазинот, тие се нежни и насмеани со целосен акцент на нивните цветни круни.

Објавено:
16 февруари 2015
Категорија: 
Сцена