Познати личности што оделе во исто училиште

19 септември 2020

Има познати личности што се знаеле уште пред да станат тоа што се денес. Некои од нив пак дури и оделе во исто училиште, па дури и во исто одделение, не знаејќи дека денес ќе бидат познати актери, музичари, политичари.

Во продолжение ви откриваме некои од школските другари:

Камерон Дијаз и Снуп Дог

Актерката и раперот оделе во Политехничко училиште  во Лонг Бич во Калифорнија. „Тој беше година дена постар од мене. Добро го паметат. Беше многу висок и слаб“, изјави во една пригода Дијаз за Дог. Тој пак, се сеќава дека често се дружел со навивачките на училиштето, кои биле пријателки со Камерон.

Џастин Трудо и Метју Пери

Ѕвездата на „Пријатели“, Метју Пери е роден во САД, но детството го поминал во Отава. Неговата мајка била вработена како секретарка на тогашниот канадски премиер Пјер Трудо. Неговиот син Џастин, денеска е првиот човек на канадската влада, но во времето кога Метју живеел таму, тие двајца оделе заедно на училиште.

Рами Малек, Кирстен Данс и Рејчел Блисон

Овие холивудски ѕвезди во исто време учеле во средното училиште „Нотр Дам“ во Калифорнија. Рами Малек дури имал и заеднички часови со Кирстен Данс, а актерот неодамна откри дека таа во тоа време многу му се допаѓала. 

Адам Левин и Џона Хил

Пејачот на групата „Maroon 5“ е пет години постар од Џона Хил. Но, тоа не ги спречило да станат добри пријатели, бидејќи биле соседи и секој ден со автобус оделе заедно на училиште.

Бен Афлек и Мет Дејмон

„Кембриџ Риџ енд Латин Скул“ е називот на средното училиште во кое се запознале Бен Афлек и Мет Дејмон.  Училиштето се наоѓа во близина на „Харвард“, а уште тогаш и двајцата сонувале за кариера во Холивуд. Бен и Мет одлучиле да ги здружат силите и да го напишат сценариото за филмот „Добриот Вил Хантинг“ во кој подоцна и ќе глумат.

Наоми Вотс и Никол Кидман

Никол е родена на Хаваи, но со семејството се сели во Австралија кога имала четири години. Во средното училиште во Сиднеј ја запознава Наоми Вотс и двете бргу стануваат најдобри пријателки. Кидман прва остварува успех во филмската индустрија, а потоа ѝ помага на својата стара пријателка да добие улога во филмот „Флертување“.

Том Хидистон, Еди Редмејн и принцот Вилијам

Том Хидистон и Еди Редмејн учеле во исто одделение во „Итон“, познато приватно училиште во момчиња. Двајцата понекогаш имале исти часови со принцот Вилијам, а се дружеле и на рагби тренинзите.

Гвинет Палтроу, Џек Блек, Лив Тајлер и Кејт Хадсон

Многу од приказните на познатите започнуваат во „Кросроадс Скул“ во Санта Моника. Меѓу нив се и Гвинет Палтроу, Џек Блек, Кејт Хадсон и Лив Тајлер. Покрај нив, на ѕидовите на овој институт се запишани и имињата на Емили и Зои Дешанел.

Лени Кравиц, Николас Кејџ и Слеш

Во Беверли Хилс има едно големо познато средно училиште, така што не е изненадување што голем број холивудски ѕвезди учеле токму таму. На пример, Лени Кравиц, Слеш (Саул Хадсон) и Николас Кејџ се имаат запознаено токму во ова училиште.

Скарлет Јохансон и Џек Антоноф 

Двајцата биле другари уште од училишните денови. Оделе во „Њујорк Профешнал Чилдрен Скул“, а дури биле и партнери на матурската вечер. Двајцата во еден краток период биле и љубовен пар.

Џејда Пинкет и Тупак

Кога Шакур се преселува во Мериленд, тој почнува да оди во „Балтимор Скул оф Артс“, каде ја запознава Џејда Пинкет Смит, која ќе му стане и една од најблиските пријателки.Кога ќе ја запознае таа е дилер на дрога, а во едно интервју ќе рече дека со Тупак ги поврзувала „борбата за преживување“.

 

извор: Bright Sideinsider.com

Објавено:
19 септември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
233 пати