Традиционалните Тони награди се одржаа вчеравечер во Њујорк, каде по 73 – ти пат се славеа најдобрите изведби на единствениот Бродвеј.

Водителот Џејмс Корден по втор пат создаде вечер за паметење, а на церемонијата се појавија некои од најпознатите холивудски актери и актерки.

Мјузиклот „Hadestown“ кој наиде на огромно воодушевување кај публиката освои најголем дел од наградите, односно од вкупно 14 номинации, победи во осум категории.

Вистински момент за паметење беше оној кога Али Строкер освои Тони награда и стана првата актерка во инвалидска количка што освоила вакво признание.

Најсериозната награда за режисер на годината отиде во рацете на Рејчел Чавкин за нејзиното фантастично дело „Hadestown“ како единствена жена номинирана во таа категорија, додека наградата за најдобра актерка ја освои Елејн Меј за улогата во „The Waverly Gallery“.

На црвениот килим на церемонијата обоен во боите на ЛГБТ заедницата, дамите се појавија во супер блескави стајлинзи, а најголемо внимание очекувано предизвика Емили Ратајковски која одбра црна креација со ултра длабоко деколте.

Подеднакво прекрасна беше и актерката Мариса Томеи која за пригодата одбра флорален долг фустан со интересно деколте и нежна шминка и фризура.

Вистинска дама во златен светкав костум беше актерката Тина Феј, а кога сме кај светкавите креации, токму таква во сребрена варијанта одбра младата актерка Ванеса Хаџенс, а истата ја комбинираше со залижана фризура и високи црни потпетици.

Во галеријата погледнете како изгледаа и другите што се појавија на годинешната церемонија на Тони наградите.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
10 јуни 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
355 пати