Познатите дами ја обожаваат колекцијата на Кејт Мос

16 јуни 2014

Ретко која колекција дизајнирана од позната личност, наидува на добар одѕив од страна на славните дами како што е случајот со линијата на Кејт Мос која таа ја дизајнираше за модната куќа Топшоп.

Кејт Мос Кејт Мос

Успехот што го постигна колекцијата дизајнирана од страна Кејт Мос воопшто не треба да не изненадува. Мос, важи за една од најголемите модни икони на дваесет и првиот век и нејзиниот стил ги привлекува симпатиите на сите генерации жени.  Нејзината аура зрачи со лежерност и елеганција, а тие две карактеристики се успешно пренесени на парчињата облека и накитот во новата пролетна модна приказна на Топшоп.

Ева Херцигова Ева Херцигова

Впечатливото влијание на гламурозните 70-тите е внимателно испреплетено со препознатливите рок шик детали по кои и самата Мос стана позната. Сензуалните комбинезони, кожените јакни со реси, елегантните вечерни тоалети, збогатени со егзотични пердуви и серијата рачно извезени туники, со неверојатна брзина станаа дел од гардероберите на светските трендсетерки кои со особена гордост својот избор на модели ги прошетаа на голем број свечени настани.

Наоми Кембпел Наоми Кембпел

Секоја дама даде свој печат на парчето облека кое го избрала, а тоа не остана незабележано од страна на медиумите кои не можеа, а да не го пофалат одличното чувство за моден дизајн на Мос.

Јелена Вељача Јелена Вељача

Сиена Милер Сиена Милер

Кара Делевињ Кара Делевињ

Ива Балабан Ива Балабан

Јелена Вељача Јелена Вељача

Мирела Фориќ Срна Мирела Фориќ Срна

 

 

 

 

 

Објавено:
16 јуни 2014
Категорија: 
Сцена