Њујорк вчеравечер беше местото каде се собраа некои од највлијателните дами на денешницата на кои им беа доделени почесни награди од магазинот Гламур за сè она што го имаат направено изминатата година.

Сосема очекувано, на црвениот килим дамите се појавија во нивните најдобри изданија, а најголем впечаток дефинитивно оставија Криси Тиген, Карли Клос и Вајола Дејвис кои одбраа претежно црно – бели стајлинзи.

Вистински џентлмен беше Џон Леџенд кој се појави на сцената за да ѝ ја врачи почесната награда на неговата сопруга Криси Тиген со романтичен говор кој ги освои сите.

„Јас имам кариера во музиката, но всушност таа е ѕвездата на семејството. Таа е срце и душа на нашето семејство. Многу сум заљубен во оваа жена. Таа е мајка на нашите деца Луна и Мајлс. Но, јас не сум единствениот кој ја сака. Многу луѓе кои не се оженети или некако поврзани со неа ја обожаваат. Сите МОИ обожаватели сега ја сакаат Криси. Добива поголеми аплаузи и од моите на концерт“, на шега вели Леџенд кој ја расплака неговата сопруга која седеше во публиката.

Покрај Криси, свечени награди вечерта добија и популарната актерка Вајола Дејвис, Жанел Моне, сенаторката Камала Харис, Манал ал – Шариф и американските гимнастичарки кои му се спротивставија на докторот Лари Насар кои сексуално ги злоупотребувал.

Прекрасна во црн комбинезон беше и познатата 42 годишна актерка Алиша Силверстоун која на настанот се појави во комбинезон на Кристијан Сириано кој победи на Project Runway, а во негови креации вечерта се појавија и Ешли Греам, Коко Роша и Падма Лакшми.

Инфо: Daily Mail

Фото: Dimitrios Kambouris/Getty Images for Glamour, Daily Mail

Објавено:
13 ноември 2018
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
463 пати