Додека е во тек еден од најврвните настани во модната индустрија, париската недела на висока мода, правиме ретроспектива на највпечатливите парчиња од кремот на дизајнерските колекции кои ги носеле познати дами од шоу бизнисот на црвениот килим. Интересно е што во одделни случаи, актерки кои дури и не биле номинирани за некоја престижна награда, а се појавиле на црвениот килим, останале забележани во историјата на модата и кинематографијата токму поради креациите кои ги носеле. Неизбежно ќе ги спомнеме Никол Кидман која на доделувањето на Оскарите во 1997 година се појави во фантастична креација на Џон Галијано од неговата прва кутур колекција за Диор или Руни Мара која на доделувањето на Академските награди во 2012, не воодушеви со елегантната тоалета во „сирена“ форма изработена од тантела, потпишана од Живанши.
Ана Винтур во тоалета со едноставна линија на Шанел
Анџелина Џоли беше мета на медиумите по нејзиното појавување на Оскарите 2012 во тоалета со висок пшлиц на Версаче
Анџелина Џоли носи елегантна траспарентна тоалета на Версаче
Дајан Кругер е вистинска дама во Диор
Диор беше изборот на неодоливата Шарлиз Терон
Една од најдобро облечените дами на црвениот килим, Кејт Бланшет носи елегантна бледо розова тоалета на Живанши
Историското појавување на Никол Кидман во креација на Џон Галијано
Карин Ројтфилд во нејзин препознатлив стил облечена во Живанши
Руни Мара го одзема здивот во тоалета на Живанши
Џенифер Лоренс воодушеви во волуменозна тоалета на Диор