Познатите на годинешната Delete Blood Cancer Gala

8 мај 2014

Њујорк изминатата ноќ имаше навистина богата ѕвездена агенда. Се чини крвотокот на градот осцилираше кон три локации. Првиот настан што ја одбележа измината ноќ се одржа во Бруклин каде што беше промовирана најновата колекција на модната куќа Диор на која што и предничеше кратко крстарење со фериброд, втората популарна локација беше Пјер хотелот каде славната актерка Сара Џесика Паркер додели CLIO наградите за најталентираните и најуспешните креативци, а третата мошне важна манифестација беше традиционалната добротворната гала која се одржа во ресторанот Cipriani Wall Street.

Дита Вон Тис, Коко Роша, Џорџија Меј Џегер и Џеси Џеј Дита Вон Тис, Коко Роша, Џорџија Меј Џегер и Џеси Џеј

Добротворниот настан „Delete Blood Cancer Gala“ што традиционално се одржува секоја година во присуство на голем број познати личности од различни сфери на општественото живеење меѓу кои Џорџија Меј Џегер, Коко Роша, Дита Вон Тис, Доуцен Крос, оваа година се одржа под мотото „Dream Big, Do Good“ во чест на Еван Сокна и неговата фондација „The Sohn Conference Foundation“, чија примарна цел изминатава година беше поддршка на медицински истражувања и развоја на иновативни програми за лекување на деца кои имаат дијагностициран рак.

Еван Сокна Еван Сокна

Организацијата „Delete Blood Cancer“ е еден од најголемите центри за донација на коскена срж. Во нејзината база има регистрирано повеќе од 4,2 милиони потенцијални донатори благодарение на кои после трансплантацијата својот живот го имаат спасено повеќе од 41.000 луѓе.

 

Објавено:
8 мај 2014
Категорија: 
Сцена