Познатите на вечера во чест на Бан Ки-мун

11 август 2016

Во Лос Анџелес вчеравечер се одржа вечера во чест на генералниот секретар на Обединетите Нации, Бан Ки-мун. Домаќин на вечерта беше режисерот Брет Ратнер, а гостите беа секако голем број познати личности од пејачи, преку актери, водители, политичари...

Шерон Стоун

Меѓу најзабележителните секако беше 58-годишната актерка Шерон Стоун, која за оваа пригода носеше златен долг фустан во комбинација со беж кардиган и соодветни сандали, како и ѓердан со светки. Комбинацијата ја комплетираше со мала чанта и винтиџ очила за сонце.

Дакота Џонсон

Ако Шерон Стоун се одлучи за светла и впечатлива комбинација, Дакота Џонсон се одлучи да го привлече вниманието сосема во црна комбинација – горен дел со откриени раменици и панделка и панталони.

Емили Ратајковски одлучи да биде мошне провокативна, па на вечерата се појави во црвено-сребрен ултра кус и отворен фустан.

Емили Ратајковски

Пејачката Никол Шерцингер се појави во бела комбинација. Топот со куси ракави и широките панталони одлично ѝ прилегаат.

Никол Шерцингер

Мараја Кери остана доследна на својот невкус, па за овој свечен настан се одлучи за црна кожена комбинација, моторџиска јакна, под која носи градник од тантела.

 Мараја Кери

Меѓу присутните беше и Кетрин Мекфи (32), која воодушеви во црно-белиот фустан, што одлично ѝ ги нагласуваше облините, како и Ана Лин Мекорд, Кортни Лав, Стиви Вондер, Кери Кинг и многу други.

Ана Лин Мекорд

Британи Сноу

Камила Бел

Кетрин Мекфи

Кортни Лав

Лари Кинг со сопругата

Стиви Вондер

Објавено:
11 август 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
792 пати