Модата неретко знае да „позајми“ инспирација од животниот стил кој го наметнуваат одредени уметнички и музички правци и тоа успешно да го инкорпорира во комерцијален тренд.
Носталгијата кон 90-тите години и музичката сцена која ја одбележа таа деценија, се' почесто се навраќаат преку актуелните модни тенденции, модифицирани во современа варијанта.
Меѓу другото, гранџ музиката која остави свои корени токму во 90-тите, продолжува да прогресира не само во нови музички правци базирани на истата туку и добива и своја модна дефиниција во современото живеење, иако тоа не им се допаѓа на оние кои вистински го живеат тој стилски дух, независно од актуелните новитети во модната индустрија.
Карирани кошули врзанин околу половина, повеќеслојно спојување на облека, тесни искинати фармерки, кожен елек и војнички чизми, кои реално им припаѓаат на почитувачите и следбениците на одредени субкултури, сега ги носат манекенки, поп пејачки, актерки и трендсетерки ширум светот.
Ријана
Алекса Чанг
Џоан Смолс
Сиена Милер
Гвен Стефани
Вилоу Смит
Кара Делевињ
Кејт Босворт
Рита Ора
Кристен Стјуарт
Кејт Босворт
Мајли Сајрус
Мери Кејт Олсен