Познатите тенисерки во гламурозно издание

25 јуни 2016

Во Лондон вчеравечер се одржа забава пред големото натпреварување на Вимблдон. Тоа беше можност да се видат голем број женски тениски ѕвезди на едно место и тоа во сосема поинакво, гламурозно издание.

Серена Вилијамс

Вниманието го привлекоа Серена Вилијамс, актуелната шампионка, која се појави во секси, црно-бела комбинација.

Ништо помалку впечатлива не беше ниту Петра Квитова која се одлучи за црвена долга тоалета. И српската тенисерка Ана Ивановиќ се одлучи за истата боја, но за креација со широк крој и должина до глужд.

Петра Квитова

Ана Ивановиќ

Меѓу присутните беа и британската тенисерка Хедер Ватсон, која беше одлично расположена во кусото зелено фустанче и карираниот чадор, како и нејзините сограѓанки Лора Робсон и Наоми Броди.

Хедер Ватсон

На виолетовиот килим се појави и големата тениска ѕвезда Каролин Возњацки, која се одлучи за коктел фустан во беж нијанса, додека изборот на Јужин Бушар која за оваа пригода одбра црвен комбинезон.

Каролин Возњацки

Јужин Бушар

На забавата присуствуваше и Јелена Јанковиќ, некогашниот број еден на ВТА листата, која се одлучи за комплетно бела комбинација.

Јелена Јанковиќ

Меѓу тениските ѕвезди во гламурозно издание не ја видовме Марија Шарапова, која се соочува со тешки моменти во нејзината кариера. Таа беше фотографирана на улиците низ Лос Анџелес, како посетува салон за маникир.

Марија Шарапова

Во продолжение погледнете како изгледаа останатите тенисерки.

Анжелик Кербер

Бетани Метександс

Данијела Хантухова

Гарбиње Мугуруза

Хедер Ватсон

Лора Робсон

Наоми Броди

Луси Сафарова

 

Објавено:
25 јуни 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.021 пати