Прекрасен црн фустан и тенка фигура = роденденската фотографија на Адел

6 мај 2020

И покрај тоа што сè уште важат мерките на СЗО и во поголемиот дел од светот движењето е ограничено, тоа не ја спречи Адел да си направи роденденска забава.

Вчера зборувавме за “новата“ фризура и трансформациите низ годините, а Адел денеска објави роденденска фотографија на која покажа дека има долга коса и витка линија.

 

Никогаш послаба, пејачката носеше прекрасен краток црн фустан. Едноставен, со волуменозни ракави, тренд што е апсолутно хит оваа година и сандали  и изгледаше елегантно и секси. Признаваме, уште не сме навикнале да ја гледаме во ова издание, и иако нејзината појава привлекува внимание, сепак го забележавме и прекрасниот цветен аранжман покрај кој е фотографирана, но и пораката под фотографијата.

„Ви благодарам за љубовта за роденденот. Се надевам дека сите сте здрави и сигурни во ова лудо време. Би сакала да им се заблагодарам на оние што се на првата борбена линија и најважните работници кои нè чуваат безбедни, додека ги ризикуваат своите животи! Ви сте наши вистински ангели. 2020 океј, збогум, благодарам“.

Објавено:
6 мај 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.865 пати