Шармантната актерка Рене Зелвегер се појави на прикажувањето на филмот Long Shot: The Kevin Laue Story во Калифорнија и буквално ги шокираше сите присутни.
Прекрасната Бриџит Џонс изгледаше како да има сосема ново лице и на моменти воопшто и не наликуваше на себе.
Со тоа, дефинитивно се потврдуваат шпекулациите дека актерката направила неколку пластични операции, иако од нејзиниот менаџмент ги отфрлија тие наоди.
На нејзиното лице не можеа да се видат прекрасните коси очи по кои таа беше препознатлива, кои сега изгледаат како сосема да исчезнале.
На свечениот настан таа се појави во прекрасен црн фустан, но никој не можеше да го тргне погледот од нејзиното совршено исчистено и затегнато лице на кое немаше траги од ниту една брчка.
Со овој потег, актерката му се придружи на клубот на познати ѕвезди кои во голема мера подлегнаа на пластичните операции плашејќи се од природното стареење на кожата.
Ние ја обожававме како природната и шармантна Бриџит Џонс, а вие?