Некои од најголемите ѕвезди на денешницата се собраа на традиционалното доделување на наградите на Ел магазинот кој секоја година им оддава почит на најуспешните жени во индустријата.

Ѕвездениот настан се одржа во хотелот „Четири сезони“ во Беверли Хилс, а како и секоја година, истиот беше спонзориран од козметичкиот гигант Лореал.

Ноемвриското издание на британскиот „Ел“ ќе биде со осум насловни страни, на кои ќе се најдат осум талентирани дами меѓу кои и Кристен Стјуарт, Лупита Нјонго, Ејми Адамс, Ана Кендрик, Аџа Наоми Кинг, Фелисити Џонс, Кети Бејтс и Хелен Мирен, секоја репрезент на различен карактер и сензибилитет.

Токму овие дами се појавија во беспрекорни изданија на доделувањето на наградите и со соодветен говор им се заблагодарија на сите оние кои биле дел од жирито и кои сметаат дека токму тие треба да ги добијат наградите.

Прекрасна како и секогаш, актерката Лупита Нјонго се појави во уникатен фустан во кафена и сина нијанса, со тренди карнер во долниот дел кој дополнително го истакна нејзиното прекрасно тело.

Подеднакво интересна креација носеше и Ана Кендрик која овој пат се одлучи за син фустан изработен од кадифе како еден од омилените материјали сезонава. Истиот таа го комбинираше со сандали на висока потпетица и едноставна шминка и фризура.

Вистинска дама како и секогаш беше и Хелен Мирен која овој пат се одлучи за тесен црн фустан на долги ракави украсен со фантастичен накит и уникатна чантичка.

Сосема во нејзин стил, иако овој пат малку поженствена, Кристен Стјуарт ја прими наградата облечена во тесен црн фустан до глуждовите комбиниран со високи црни потпетици, со едноставна фризура залижана наназад и препознатлива за неа шминка.

Преслатка како и секогаш, младата и шармантна актерка Фелисити Џонс беше една од дамите на кои магазинот Ел одлучи да им подари насловна во месец ноември, а таа се појави во темно црвен кадифен фустан и златни сандали.

Како и овие, така и сите останати присутни дами беа навистина прекрасни со внимателно одбрани креации, а секако не смеат да не се споменат актерките од популарната серија Pretty Little Liars, манекенката Алесандра Амбросио, актерката Ванеса Хаџенс, Амбер Валета, популарната Нина Добрев и уште многу други кои ги гледате во галеријата.

Објавено:
25 октомври 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
640 пати