„Пријателите“ се враќаат во станот на Моника Гелер

1 април 2021

Да не ни се случеше пандемијава, досега ќе ги гледавме обединети омилените „Пријатели“. Но, снимањето беше откажано од безбедносни причини, а убавата вест е што Рос, Моника, Рејчел, Џои, Чендлер и Фиби, пак се враќаат пред камерите, за сите оние носталгичари.

Информацијата која ја примивме со големо задоволство е дека сепак, пријателите ќе ги гледаме на добро познатото место, меѓу виолетовите ѕидови, во станот на Моника Гелер. 

Оваа вест ја откри дизајнерот на сетот, Грег Гранде, кој на својот Инстаграм профил објави слика од реконструираниот стан со опис: „Шшш! Нешто се случува...дежа ву…го оживуваме повторно!“

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Greg Grande (@ggrandedesign)

Неколку пати во минатото беше најавувано дека оваа нивна повторна дружба нема да биде серија од неколку епизоди, ниту со претходно испишано сценарио, туку дека шестмината актери ќе седат на муабет. Дејвид Швимер, Лиса Кудроу, Кортни Кокс, Метју Пери, Мет Лебланк и Џенифер Анистон ќе разговараат за комедијата која ги вивна во ѕвездите. 

Објавено:
1 април 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
441 пати