Принц бил хоспитализиран поради предозираност неколку дена пред смртта

22 април 2016

Иако денеска допрва треба да се испитуваат причините за смртта на големата музичка легенда Принц, бројните светски магазини пишуваат дека тој бил хоспитализиран поради предозирање само неколку дена пред смртта. 

Daily Mail пишува дека музичарот бил виден како излегува од аптеката близу неговиот дом во Минесота само 15 часа пред смртта. 

Минатиот петок, неговиот приватен авион морал да слета принудно во Илиноис поради неговата лоша здравствена состојба, веднаш по неговиот концерт во Атланта. 

Претставници на музичарот изјавија дека лошата здравствена состојба на музичарот се должела на сериозен грип, но TMZ објави дека всушност станувало збор за предозираност. 

Извори блиски до пејачот посочуваат дека докторите го советувале да остане во болница на 24 часовен надзор, но кога тој слушнал дека нема да биде сместен во приватна соба, си заминал од болницата само три часа подоцна. 

Принц ужива во возењето велосипед неколку дена пред смртта

Веќе следниот ден, тој се појавил и на забавата што ја организирал за неговите обожаватели во Минесота каде им кажал да почекаат неколку дена пред да ги трошат молитвите на него, што всушност била и последната средба со нив. 

Како што самиот ќе изјави во неколку наврати, тој отсекогаш се борел и со епилепсија и доживеал бројни напади како дете. Поради неговата состојба, тој многупати бил малтретиран од децата во училиште, но откако целосно им се посветил на Јеховините сведоци, изјавил дека бил излечен од ангел. 

Принц е роден во Минесота во 1958 година. Првата песна ја напишал на седумгодишна возраст. 

Првата демо снимка пак ја прави на 19 години, како дел од бендот „94 East“ кој го основа со роднина. Наскоро се впушта и во соло кариера. 

Првиот албум го објавува во 1978 година, а со другиот што го носи неговото име, доживува  голема популарност. Токму оттогаш ќе останат запаметени хитовите „I Wanna Be Your Lover" и „Why You Wanna Treat Me So Bad?". 

Полицијата се уште ги истражува причините за смртта на музичката легенда

Многумина ќе кажат дека неговиот неприкосновен талент се должи на проблемите што тој ги имал дома и на училиште, од кои секогаш сакал да се оттргне со помош на музиката што ја создавал. 

Неговите родители, кои инаку имаат шест деца, се развеле кога тој имал 10 години, со што тој го поминал детството селејќи се постојано кај едниот, па кај другиот родител. 

Тој ќе остане запаметен како една од најголемите музички легенди што заминале прерано, што и беше потврдено од бројни познати личности кои на навистина емотивен начин се простија од пејачот. 

Неговите бројни обожаватели кампуваат во паркот близу неговиот дом во Минесота, од каде се слушаат неговите песни и емотивни пораки. 

Објавено:
22 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
2.562 пати