Принцезата Беатрис се вери со мултимилионерот Едоардо Мапели

27 септември 2019

Бакингемската палата и официјално соопшти дека принцезата Беатрис се верила со нејзиното момче, мултимилионерот Едоардо Мапели Моци со кого се во врска една година.

На фотографиите направени по повод свршувачката, Беатрис изгледа прекрасно во цветен фустан од нејзиниот омилен бренд Зимерман кој чини околу 600 фунти, алка од Картие со вредност од 2.730 фунти и скапоцен свршенички прстен од брендот Шон Лин.

Тие се вериле за време на нивниот одмор во Италија ова лето, а среќните вести тие ги објавија вчера со серија фотографии направени од сестрата на Беатрис, Јуџини.

„Многу сме возбудени што ќе ја започнеме оваа авантура заедно и едвај чекаме да дојде денот на нашата свадба“, со овие зборови двојката ја објави веста за свршувачката на Инстаграм профилот.

Заедно со фотографиите направени од нејзината сестра, беше објавен и црн – бел едиторијал во кој двојката изгледа навистина вљубено и среќно.

Инаку, нејзиниот вереник Едоардо има еден син со Дара Ханг со која беше венчан околу три години.

Инфо и фото: Daily Mail

Објавено:
27 септември 2019
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
920 пати