Принцезата Мери од Данска по четврти пат во ист фустан за Нова година

2 јануари 2020

„Кралица на штедливоста“, така медиумите ја нарекоа принцезата Мери од Данска. 

Таа во вторникот во својата резиденција во Копенхаген се појави во добро позната креација на локалната дизајнерка Биргит Халштајн.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by CPMsStyle (10/10/2019) (@cpmarysstyle) onJan 1, 2020 at 6:37pm PST

Се работи за долг фустан од кадифе во темноцрвена нијанса, кој секогаш речиси го носи со ордени, кои имаат семејна историја и скапоцена круна од дијаманти и рубини.

Инаку, за 12 години, принцезата четири пати досега е видена во него и тоа секогаш за новогодишната ноќ.

Првпат го носи во 2007 година, кога е бремена со своето второ дете, принцезата Исабела, за потоа да го повтори изгледот во 2012, 2014 и сега на прагот на доаѓањето на 2020 година.

од лево на десно: 2007, 2012, 2014 и 2019

Инаку, таа досега двапати е избрана за најдобро облечен претставник од кралските семејства, а тие што добро ја познаваат, знаат дека е страствен почитувач на одржлива мода и рециклирањето. Честопати скапите парчиња ги претвора во нови креации, кои се полежерни и поедноставни. Или пак, истите ги комбинира со далеку поевтини парчиња.

Затоа, познавачите на нејзиниот лик и дело, не ги изненади овој нејзин избор, со кој сака да соопшти дека воопшто не е срамотa да носите едно исто парче повеќе пати, а особено дека тоа што е принцеза не значи дека треба да промовира недостапност, луксуз и надменост.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Gheir.com (@gheir) onJan 1, 2020 at 7:31pm PST

 

Објавено:
2 јануари 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
7.149 пати