Прекрасната принцеза Шарлин и сопруга на принцот Алберт од Монако секогаш плени со изборот на парчиња и е пример за вистинска елеганција.
Деновиве таа се појави на еден настан во Монте карло каде уште еднаш докажа дека е непогрешлива со комбинациите и предизвика воодушевување кај сите присутни.
Прекрасната 41 – годишна принцеза со потекло од Зимбабве овојпат одбра префинета комбинација составена од макси здолништево пруги и едноставна, но стилска бела кошула, кафен ремен на половината и модни додатоци.
Комбинацијата таа дополнително ја истакна со високи потпетици во кафена нијанса како одличен избор кога станува збор за ваква елегантна комбинација.
Истата е совршен избор за во текот на летните денови кога пред вас е некој важен состанок, семеен ручек или пак некоја забава по завршување на работните обврски.
Инаку, таа е во брак со принцот Алберт од 2011 година, а со него има две деца – ќерката Габриела и синот Жак Оноре.
Како ви се допаѓа ова издание на принцезата Шарлин?
Инфо и фото: Tportal.hr