Прекрасна нова фотографија на која можеме да ја видиме преслатката принцеза Шарлот по повод нејзиниот втор роденден, деновиве го разубави Интернет просторот.
Фотографијата ја направи нејзината мајка Кетрин Мидлтон, а со истата принцот Вилијам и војвотката и го честитаа роденден на нивната слатка ќеркичка.
Истата била направена во нивниот дом во Норфолк минатиот месец, а малата Шарлот изгледа послатко од кога и да е во жолто џемперче со овци како апликации и сина шноличка во косата.
„Принцот и војвотката сакаат да им се заблагодарат на сите за прекрасните желби и честитки по повод роденденот на принцезата Шарлот. Се надеваме дека и вам ќе ви се допадне оваа фотографија како што тоа беше случај со нашето семејство“, стоеше напишано под објавената фотографија.
Ова е трета официјална фотографија од малата принцеза Шарлот, покрај оние од јавните појавувања со нејзиниот брат Џорџ и кралското семејство.
Она што е и повеќе од очигледно е колку таа е порасната и колку всушност почнува да наликува на нејзината мајка, особено на оние фотографии од нејзиното детство.
Слатката принцеза Шарлот Елизабет Дијана пред себе има месец полн со свечености, а на 20 – ти мај се очекува да се појави како деверица на свадбата на нејзината тетка Пипа Мидлтон.