Принцезата Шарлот наполни шест години!

3 мај 2021

Малата принцеза Шарлот и не е веќе така мала :). Таа вчера го прослави шестиот роденден, а кралското семејство по тој повод, традиционално објави нејзина нова фотографија.

Секако, повторно Кејт Мидлтон беше зад апаратот, а повеќето коментираат дека Шарлот се' повеќе наликува на Елизабета Втора од младите денови.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by WSFM 101.7 (@wsfm1017)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@cambridgeroyal)

 

Облечена во цветно фустанче, со долга пуштена коса и насмевка, оваа мала дама ги освои симпатиите на многумина ширум светот. 

Инаку, минатата недела, принцот Вилијам и Кејт на официјалниот инстаграм профил споделија ново семејно видео, а поводт беше 10 годишнината од нивната венчавка. Имиџот на среќно и сплотено семејство се' уште е доминантно кај нив и токму тоа е она поради кое голем дел од британската, па и светската јавност ги сака или има симпатии кон нив.

 Ако се водиме според реченицата од серијата „Круна“ - Луѓето сакаат бајки и ние мораме да им го дадеме тоа - тогаш Вилијам и Кејт навистина успеваат во тоа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by DoE (@catherine_and_william)

 

Објавено:
3 мај 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
949 пати