Принцезите од Монако во „полн ефект“ на „Балот на розите 2014“

31 март 2014

Во саботата во Монте Карло се одржа еден од долгоочекуваните настани за оваа сезона – „Балот на розите“.

Токму таму, се појавија некои од највлијателните кралски семејства на денешницата. Се чини, во центарот на вниманието беше прекрасната Шарлот Касираги, ќерка на принцезата од Хановер и италијанскиот индустријалец Стефано Касираги.

Иако таа неодамна го роди своето прво дете, на забавата изгледаше неверојатно и блескаше во прекрасниот металик Шанел фустан.

Прекрасната Шарлот беше во придружба на кралското семејство од Монако со кои заедно ја прославија и по којзнае кој пат ја подржаа „Princess Grace Foundation“.

Заедно со останатите гости таа уживаше на подиумот забавувајќи се на одличниот ритам што го создаде британскиот изведувач Мика на балот.

Нејзината тетка, шармантната принцеза Шарлин изгледаше апсолутно неверојатна тоалета во црна и темно сина боја со извонреден накит и беспрекорна шминка и фризура.

Секако, на „Балот на розите“ не изостануваше ниту дизајнерот на целиот ентериер на блескавата сала, Карл Лагерфелд кој како и секогаш, се појави во неговата добро позната, црно – бела комбинација.

Токму тој, заедно со Принцезата Каролин од Хановер во чија чест се одржуваше балот, решија целиот дизајн на ентериерот оваа година да биде малку поинаков со руски моменти, во што се чини и успеаја.

Принцезата Каролин од Хановер се чини го обожува Карл Лагерфелд, па на самиот бал се појави во негова креација од последната колекција во комбинација со „озборуваните“ патики на Шанел!

Објавено:
31 март 2014
Категорија: 
Сцена