Принцот Чарлс за шест месеци ќе стане крал?

3 ноември 2020

Најстариот син на кралицата Елизабета Втора, принцот Чарлс следната година ќе седне на престолот на Британското кралство. 

Таа на следниот нејзин роденден во април, ќе се повлече од престолот и конечно Чарлс ќе го добие долгоочекуваното место.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onNov 14, 2019 at 1:52am PST

 

Вака гласат тврдењата на кралскиот биограф, Роберт Џобсон. 

„Верувам дека кога кралицата ќе наполни 95 години, ќе се повлече“.

Таа седнува на престолот кога има 27 години, како последица на смртта на нејзиниот татко Џорџ Шести во 1952 година. Во април годинава ќе наполни 95 години, а Чарлс пак, месецов ќе наполни 72 години.

Репортер на „Њузвик“, Џек Ројсон исто така смета дека во Обиденетото кралство следи период на промени.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Royal Family (@theroyalfamily) onDec 19, 2019 at 5:28am PST

„Мислам дека кралицата нема да сака да го отстапи тронот, но сепак ќе дојде момент кога се' ќе му даде на Чарлс. На крајот на краиштата, како ќе може да му погледне на синот во очи и да му каже дека никогаш нема да биде крал“.

Гласините во британските, а и светските медиуми стануваат се' погласни, но се' уште нема никаков коментар од кралското семејство. 

Досега се зборуваше дека Чарл ќе биде прескокнат поради возраста и дека Вилијам ќе биде следниот крал. Во секој случај, шест месеци и не е така далеку, а ако нешто од гласините ќе излезе како вистина, тогаш следи навистина интересен период во кралското семејство.

Објавено:
3 ноември 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
804 пати
Тагови: 
Чарлс кралицата