Пристигна првиот трејлер за филмот со Џеј Ло, Малума и Овен Вилсон

18 ноември 2021

После повеќекратното најавување, излезе и првото најавно видео за филмот „Marry Me“, во кој главните улоги ги толкуваат Џенифер Лопез, Овен Вилсон и Малума.

За потсетување,Џеј Ло во филмот е музичка ѕвезда која непосредно пред венчавката ќе дознае дека момчето ја изневерува. Неверното момче ќе го толкува Малума, на радост на младата женска публика.

Медиумите веќе пишуваа и објавуваа фотографии во врска со филмот, а од оние што најмногу привлекоа внимание се фотографиите каде Џенифер Лопез носи луксузна венчаница со потпис на Зухаир Мурад.

Повредена и измамена, таа ќе одлучи да се омажи за „првиот што ќе налета", а тоа ќе биде Чарли Гилберт (Овен Вилсон), професор по математика.

Импулсивната одлука ќе доведе до сериозна емотивна врска, со подеми и падови. Некои овој филм го нарекуваат „постмодерна верзија на „Нотинг Хил"".

Филмот е во режија на Кет Коиро, а Лопез се потпишува и како продуцент.

Премиерата е закажана за 14 февруари, а во продолжение погледнете ја најавата:

 

Објавено:
18 ноември 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.789 пати