Прва кампања после породувањето: Новите фотографии на Ешли Грам без филтер

31 јули 2020

Шест месеци по породувањето со своето прво дете, Ешли Грам застана пред објектив. Таа е дел од новата кампања на „Swimsuitsforall“, а позира во костимите за капење што самата ги дизајнирала за посочениот бренд.

Фотографиите ги снимил нејзиниот сопруг Џастин, а дел од нив моделот сподели на својот Инстаграм профил, но без филтер или фотошоп.

Така, на новите фотографии ес гледаат стрии и белези од бременоста.

„Секогаш ме прашуваат, што сакам да биде тргнато со фотошоп, а што да остане. А овој пат им реков не сакам ништо да биде тргнато. Сакам сите да видат точно како изгледам, затоа што сите имаат нивна приказна“, изјави моделот за магазинот „Американ Пипл“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by A S H L E Y G R A H A M (@ashleygraham) onJul 29, 2020 at 8:19am PDT

Инаку, фотосесијата се одвивала во нивниот „дом за одмор“, како што го нарекуваат, во Небраска, каде престојуваат за време на карантинот, а објавата на Инстаграм вклучува и видео од тоа како таа навистина изгледа (кликнете на стрелката на инстаграм објавата погоре).

„Имам повеќе килограми, имам стрии и на почетокот морав да направам неколку сериозни разговори со самата себе. Ок, ново тело, нов став. После оваа фотосесија, се чувствував со повеќе самодоверба бидејќи си реков: „Да, јас сум убава и добро се чувствувам. Ова е моето ново „мајчинско“ тело“, вели Грам, додавајќи дека се надева дека преку својот пример им помага и на другите жени да гледаат поинаку на своето тело и да не ги воочуваат само недостатоците.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Swimsuits For All (@swimsuitsforall) onJul 29, 2020 at 6:00am PDT

 

Објавено:
31 јули 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.267 пати