Првата официјална фотографија од снимањето на новите епизоди „Сексот и градот“

10 јули 2021

Многумина со нетрпение ги очекуваат новите епизоди на „Сексот и градот“. Иако претходно ги видовме трите главни актерки заедно во неформална дружба, сега конечно HBO MAX ја сподели и првата официјална фотографија од сет.

Истата ја сподели и Синтија Никсон со текст: „And Just Like That... It was day one“.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Cynthia Nixon (@cynthiaenixon)

 

Ако гледаме од моден аспект, трите се фантастично дотерани, секоја во модниот стил по кој публиката и ги памети.

Реакциите на фотографијата се и повеќе од позитивни. После „Пријатели“, ова е втората серија за која обожавателите се буквално нестрпливи да ги видат омилените ликови.

Инаку, според последните изјави на тимот кој работи на серијата, во новите 10 епизоди сепак ќе ги гледаме и „Ѕверката“, Ејден, Стив...

 

Објавено:
10 јули 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
788 пати