Првите дами на магазините ве водат низ нивните комбинации на модните недели

26 февруари 2014

Се наоѓаме во сезоната на светските модни недели, па не е ни чудно што сѐ се врти околу нив. На некои од нив можевме да ги видиме светски познатите модни уредници на големите магазини во беспрекорни изданија. Благодарение на социјалните мрежи како Инстаграм и Твитер, тие постојано не известуваат со фотографии за нивните комбинации што се подеднакво важни како и парчињата што дизајнерите ги презентираат на пистите.

Во продолжение погледнете некои од најзначајните комбинации на модните уредници и нивните омилени парчиња без кои тие не можеа во изминатиов период.

Крзнени парчиња

Крзното, како што споменавме и неколку пати, е голем хит оваа сезона. Благодарение на студеното време во Њујорк, модните уреднички ја имаа сета слобода на светот кога беше крзното во прашање. Тие можеа да се видат и на лондонската модна недела, каде беше грев да не се појавите во колоритна бунда.

Natalie Massenet и Julia Sarr-Jamois Natalie Massenet и Julia Sarr-Jamois

Темни очила

Без разлика на времето, темните очила се клучен дел од стајлингот на модните уреднички. Што потемни, тоа подобро е нивната водечка девиза. Покрај тоа што тие секогаш бираат очила за сонце по последна мода, тие ги заштитуваат и од постојаните блицови од фотографите кои ги следат.

Anna Wintour и Anna Dello Russo Anna Wintour и Anna Dello Russo

Рамни чевли vs. потпетици

Ако имавте некаква недоумица околу рамните чевли, модните недели ни го покажаа спротивното. Рамните чевли беа избор број еден во голем број дизајнерски колекции, но тие беа чести и во комбинациите на првите дами на познатите магазини.

Grace Coddington, Tonne Goodman и Fran Burns Grace Coddington, Tonne Goodman и Fran Burns

Постојано менување на комбинации

Кралицата на лудите комбинации Ана Дело Русо, менуваше по неколку комбинации и во еден ден во рамки на модните недели. И тоа не било какви комбинации, туку секогаш одбираше свежи парчиња, од актуелните ревии на дизајнерите.

Anna Dello Russo Anna Dello Russo

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Сцена