Рајан Гослинг и Марго Роби се новите Кен и Барби

26 октомври 2021

Информацијата за тоа дека ќе се снима филм за „Барби“ не е нова, но ново е тоа кој ќе се најде во главните улоги. Имено, првично Ејми Шумер беше избрана за главната улога.

Откако актерката била приморана да се откаже поради други ангажмани, улогата ѝ била понудена и на Ен Хатавеј, но и со неа не се постигнал договор, за на крајот прекрасната Марго Роби да потврди дека таа ќе ја толкува улогата на Барби во остварувањето зад кое се потпишува Грета Гервиг.

Како пренесуваат странските медиуми, приказната е сложена, пропратена со носталгични емоции, но со простор за возбуда во самиот пристап на темата. Од она што е познато досега е дека Барби живее во Барбиленд се' додека не биде протерана оттаму поради своите несовршености и тогаш започнува нејзината авантура во реалниот свет.

Од друга страна, магазинот „Дедлајн“ соопшти дека Рајан Гослинг е главниот кандидат за улогата на Кен и дека прашање на денови е кога ќе биде и официјално потврден неговиот ангажман.

Да бидеме искрени, не го замислувавме баш Гослин како Кен, но ќе биде интересно да се види во таа улога.

 

Што мислите вие за овој избор?

Објавено:
26 октомври 2021
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.841 пати