Ралф Лорен организираше хуманитарна гала вечер во Мадрид.

19 ноември 2013

Иако дизајнерот и неговата фамилија не дојдоа на овој настан, сепак на галата се појавија голем број пријатели и соработници на модниот бренд. По тој повод, директорот на „Аладина“ фондација за децата заболени од рак Иштар Еспејо изјави – Шпанскиот народ е познат по својата дарежливост, но ретко кој од нив вистински се информира која е целта на настаните од ваков тип. На ова се надоврза и архитектот Алберто Маркос кој додаде - Шпанците се познати по тоа што секогаш помагаат на оние на кои им е најпотребна помош. Тие се познати и по развиените мрежи каде едни фамилии им помагаат на други.

Меѓу присутните гости беа : Elena Benarroch, Alejandra de Rojas, Olivia de Borbon и Antonia Dell’Atte

 

Објавено:
19 ноември 2013
Категорија: 
Сцена