На почетокот на 2020, актерката Ребел Вилсон на социјалните мрежи откри дека оваа година за неа ќе биде година на здравјето.
За таа цел, Вилсон сосема се посвети на здравиот начин на живот, односно изминативе месеци на своите профили споделуваше како вежба и како се храни, со цел да дојде до посакуваната тежина - 75 килограми.
View this post on Instagram
Во неделата пак, на своите следбеници на Инстаграм им се пофали дека изминатите седум дена станала три пати многу рано (во 6 наутро), планинарела и трчала. И е многу горда на себе, посебно што е на само 3 килограми до целта.
„Цел живот водам битка со килограмите. Најчесто посегнувам неконтролирано по храна, воглавно сладолед и десерти, после стресен ден или кога нешто лошо ќе ми се случи. Сепак, тоа што сум/бев поинаква беше добра работа за мене. Кога првпат влегов во канцеларијата на мојот агент, ме погледнаа и рекоа: „Вау, немаме некој што изгледа како тебе", откри 40-годишната актерка порано годинава.
View this post on Instagram
Во текот на кариерата дури била и дополнително платена да биде уште покрупна за некои улоги, кои пак ѝ помогнаа да ги придобие симпатиите на публиката, но стресот ѝ предизвикувал неконтролирана потреба за храна и прејадување.
Остварувањето на зацртаната цел е условено од строг режим на исхрана и тренинг. Не внесува шеќери и брза храна.Не се оптоварува со броењето калории, туку на внесот на влакна. Така ја превенира гладта, го контролира шеќерот во крв и подолго време е сита.
„Не се работи за бројката на вага, туку за мене" изјави Вилсон за „Тудеј Екстра".
А во нејзин стил се пошегува за новата килажа: „Викајте ме Фит Ејми!“
View this post on Instagram
Она што е исто така позитивно е дека таа ги намали килограмите, но не со цел да носи ХЅ големина. Таа се' уште има облини, но изгледа здраво, што и беше цел на нејзиниот труд годинава.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram