Ребел Вилсон: Ослабев 18 килограми, целта е минус 75

25 јуни 2020

„За мене оваа 2020 ќе биде година на здравјето“, гласеше една Инстаграм објава на веројатно една од омилените анти-Холивуд актерки, Ребел Вилсон. Таа најави тогаш дека ќе води војна со килограмите, а за тоа колку сериозно го сфатила ова, говори податокот дека досега изгубила 18 килограми.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson) onJun 18, 2020 at 3:43pm PDT

Вежба со личен тренер, Џоно Кастано, кој веќе објави фотографии за нејзиниот напредок, потенцирајќи колку е горд на неа.

Актерката најави дека нејзината цел до крајот на годината е 75 килограми помалку, и дека за помалку од шест месеци успеала да симне 18, што дава впечаток дека е на добар пат.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JONO CASTANO (@jonocastanoacero) onJan 16, 2020 at 9:23pm PST

„Цел живот водам битка со килограмите. Најчесто посегнувам неконтролирано по храна, воглавно сладолед и десерти, после стресен ден или кога нешто лошо ќе ми се случи. Сепак, тоа што сум/бев поинаква беше добра работа за мене. Кога првпат влегов во канцеларијата на мојот агент, ме погледнаа и рекоа: „Вау, немаме некој што изгледа како тебе“, откри 40-годишната актерка порано годинава.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JONO CASTANO (@jonocastanoacero) onMar 3, 2020 at 8:46am PST

Во текот на кариерата дури била и дополнително платена да биде уште покрупна за некои улоги, кои пак ѝ помогнаа да ги придобие симпатиите на публиката, но стресот ѝ предизвикувал неконтролирана потреба за храна и прејадување.

Остварувањето на зацртаната цел е условено од строг режим на исхрана и тренинг. Не внесува шеќери и брза храна.Не се оптоварува со броењето калории, туку на внесот на влакна. Така ја превенира гладта, го контролира шеќерот во крв и подолго време е сита.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson) onJun 9, 2020 at 1:34am PDT

Вежба шест пати во неделата (на почетокот и седум), а еден одмора. Тренинзите се интензивни во интервали, а исто така практикува и вежби за мобилност и отпор, крева и тегови. Исчекори, трчање по скали и клекнувања се чест дел од нејзиното секојдневие, а и пилатес топката е тука.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Rebel Wilson (@rebelwilson) onJun 20, 2020 at 7:29pm PDT

Тој еден ден кога прави пауза од тренинг, сепак се труди да направи 10.000 чекори.

„Одлучна сум. Сакам да ја намалам телесната маст и да станам поздрава личност. Не се работи за бројката на вага, туку за мене“ изјави Вилсон за „Тудеј Екстра“.

 Сепак, килограмите ги губи, но не и смислата за хумор, а ова видео само нè потсетува на тоа:

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by JONO CASTANO (@jonocastanoacero) onMay 5, 2020 at 1:17am PDT

Оваа нејзина одлука и напредок можат да бидат вистинска инспирација за некој што ја води истата битка како неа или допрва ќе треба да се избори.

Објавено:
25 јуни 2020
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
531 пати
Тагови: 
Ребел Вилсон