По повод петтото издание на Global Gift Gala во организација на актерката Ева Лонгорија, во лондонскиот хотел Четири сезони се одржа свечена вечера на која уште еднаш се собираа многу светски филантропи.
Како домаќинка на случувањето, Лонгорија се појави во „глам“ елегантна црна тоалета, креација на нејзината пријателка Викторија Бекам. Поранешната „спајцица“ пак, беше специјалната гостинка на вечерта, а како што пренесуваат странските медиуми ова e првата јавна средба на двете славни пријателки, откако Бекамови се преселија во Лондон.
Двете дами изгледаа многу слично во елегантните црни тоалети, дискретниот накит и нагласената шминка на очите. Викторија на сцената се качи и да ја прими наградата за глобалната филантропска работа преку делувањето во Британскиот Црвен Крст.