Error message

Реобединување на супермоделите од ’90-тите

13 март 2014

Наоми Кемпбел откри дека хероините кои ги поставија главните постулати во модната индустрија, познати како  супермодели од ’90-тите повторно ќе работат заедно на „таен“ проект кој треба да започне со реализација во наредниов период.

Манекенките кои и припаѓаат на „старата гарда“ беа феномен кој дефинитивно станаа одбележје на  ’90-тите години, но со своето искуство, шарм, убавина и идеални пропорции и ден денес гордо газат по пистите и позираат пред објективите на најпознатите фотографи. Веста за нивното  реобединување, протече низ медиумите како шпекулација, но црномурестата убавица Наоми Кемпбел ја потврди информацијата.

„Јас ја имав таа чест и задоволство да бидам дел од една прекрасна постава дами кои направија вистинска револуција во модниот свет и навистина сум многу среќна што повторно ќе соработуваме. Сметам дека досега во модната индустрија немало ваква група како нашата, а и во иднина не гледам дека и воопшто ќе има, за жал“, изјави за CBS, Кемпбел.

Во елитната група на убавици кои владееја на модните писти, повеќе од една деценија се имињата на Наоми Кемпбел, Синди Крафорд, Кристи Тарлингтон, Линда Евангелиста, а подоцна им се придружија Стефани Сејмур, Кејт Мос и Клаудија Шифер.

„ Да те нарекуваат супермодел од минатото е огромна чест, пред сè затоа што тоа беше ерата и на најдобрите дизајнери како Џани Версаче, Азедин Алаја, Марк Џејкобс, Келвин Клајн, Ралф Лорен, чии модни перформанси едноставно не можеа да се случат без наше присуство“, раскажува Наоми.

И покрај фактот дека е многу голема веројатноста „никогаш“ да не добиеме нова група слична на нивната, сепак модните критичари и стилисти го делат мислењето дека сè уште не треба да се збогуваме со нивните маркантни појави и да ја искористиме нивната енергија за уште многу модни проекти.

Кемпбел исто така откри дека  би сакала да биде домаќинка на ТВ шоуто „Saturday Night Live“, бидејќи смета дека поседува неверојатна смисла за хумор и добро би се снашла во еден таков проект.

„Голема желба ми е да бидам дел од еден таков проект, но и предизвик истовремено. Исто така моја следна цел е да имам дете. Доколку не најдам соодветен партнер, би го направила сама“, завршува манекенката.

 

 

Објавено:
13 март 2014
Категорија: 
Сцена