Првиот понеделник од мај годинава е втори мај и е резервиран за познатата гламурозна манифестација „Мет гала“.

Балот  се одржува од 1946 година, а на него присуствуваат само угледни, богати и познати личности. Тематските забави пак започнуваат од 1971 односно 1972 година, кога темата е: Модна полиција (Fashion police). Минатата година темата беше Кина, додека оваа година е „Модата во времето на технологијата“.

Сите теми од 1971 до 2015 можете да ги погледнете на линкот овде.

Од 1995 година, „Мет галата“ е во организација на Ана Винтур, која секоја година има и гостин домаќин. Оваа година тоа ќе биде Тејлор Свифт.

Картите за оваа престижна забава чинат од 10 до 25 илјади долари.

Во исчекување на футуристичките креации, во галеријата погоре ве потсетуваме на дел од најгламурозните фустани од 2003 до 2015 година.

Објавено:
28 април 2016
Категорија: 
Сцена
Прочитано:
1.166 пати